По неколку месечно одлагање, како што дознава А1он, Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) утре ќе одржи седница на која треба да ја донесе конечната одлука дали ќе се спојат ОНЕ и ВИП.
Доколку одлуката биде во корист на спојувањето, комисијата ќе го поддржи формирањето на дуопол на пазарот на телекомуникациите во земјава, а со тоа и евентуалното покачување на цените во мобилната телефонија. Како што неодамна пишуваше А1он, ваквото спојување ќе го врати пазарот на состојбата од пред десетина години кога функционираа само два оператора, а ценовната политика беше предмет на договор помеѓу операторите.
Доколку се повтори оваа состојба експертите предвидуваат евентуално зголемување на цените за телефон, интернет и тв за најмалку 50% што повторно ќе удри по џебот на граѓаните.
Во меѓувреме ВИП се спои и со кабелскиот оператор Близу, Т- мобајл со Т- хоум , а четвртиот алтернативен оператор Албафон неодамна пропадна.