Селекторот на Чиле, Хорхе Сампаоли, откри зошто Лионел Меси ја одби наградата за најдобар играч на Копа Америка и срдечно го пофали за таквиот потег.
Чиле ја победи Аргентина со 4:1 на пенали во финалето на Копа Америка, по мечот Меси ја одби наградата за најдобар играч на турнирот, а организаторите ја отстранија од подиумот за церемонии.
– Го прашав Меси после натпреварот, зошто ја одби наградата, а тој ми одговори дека дошол да го освои Копа Америка и дека индивидуалните награди не го интересираат. Ја има сета моја почит заради тоа, изјави Сампаоли.
Лионел Меси зад себе има три изгубени финалиња со националниот тим за кој постигна 46 гола на 102 меча и тоа го прави втор најдобар стрелец во историјата на Аргентина.