Ќе го апсат ли Заев- испратено е писмо од Струмица до Скопје дека не се јавил кај надлежниот судија

Од:

До изминувањето на рокот, денеска до 12 часот Зоран Зев, претседател на СДСМ не се јави кај надлежниот судија, Струмичкиот суд веќе испратил писмена информација до Основен суд 1 во Скопје кој го води случајот против Заев.

– Основниот суд во Струмица не е надлежен за овој случај против Зоран Заев. Судот има надлежност доколку тој не се јави во наложениот термин, односно не ги почитува мерките за претпазливост, да го извести Основен суд 1 во Скопје. Бидејќи денеска во 12 часот помина тој рок, ние веќе испративме писмо до Судот во Скопје со кое го известивме дека лицето пртоив кое се води постапка не се јавило во Судот. Не знаеме колку брзо ќе стигне писмото во Скопје. Основниот суд 1 има надлежност, откако ќе го добие нашето известување, да одлучи дали и какви мерки ќе преземе, вели за А1 он, Цона Каламерникова, судијка во Основен суд Струмица.

Известувањето од струмичкиот суд допрва треба да стигне до Основен суд Скопје 1 каде се води постапката против лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Доколку известувањето е пратено преку пошта, препорачано, во судот би стигнало дури утре.

Постапката предвидува по добивањето да се достави до надлежен судија или судски совет кој ќе го разгледа известувањето и ќе одлучи дали Зоран Заев ќе биде приведен или ќе му се даде нова можност да се јавува во судот.

Од Основниот суд Скопје 1 не можат да дадат одговор каква ќе биде одлуката на судот и дали Зоран Заев ќе биде уапсен, ниту да прецизираат кога ќе ја донесат конечната одлука во врска со предметот „Пуч“.

Заев на прес конференција изјави дека веќе нема да се јавува во судот, ниту да доаѓа на закажаните рочишта, бидејќи не го признава правосудството како независна власт, зашто е под тотална контрола на Никола Груевски и неговата фамилија.

Во случајот „Пуч“, Заев е обвинет за насилство врз претставници од највисоката државна власт. На Заев му беше одземен пасошот и имаше наредба еднаш во неделата да се јавува во струмичкиот суд, со што ќе покаже дека е достапен за органите на прогонот. Потоа пасошот му беше вратен, за да може да оди на преговорите за политичката криза во Брисел.

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

СДСМ: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права