Филипините очекуваат пресуда во своја корист за територијалниот спор со Кина

Од:

Од 7 до 13 јули Трибуналот на ОН во Хаг ќе одржи расправа по повод филипинската тужба против Кина за нарушување на територијалниот суверенитет над водите на Јужно Кинеско Море, кое Пекинг го прогласува за сопствена територија. Филипините се најгласни во барањата Кина да се откаже од самопрогласеното право на суверенитет над ова море богато со резерви нафта и гас, рибен фонд и кое е најфреквентен поморски пат во светот.

Против кинескиот став за суверенитет над Јужното Кинеско Море тужба во почетокот на годинава поднесе и Виетнам, а против кинеската сувереност над Јужното Кинеско Море се и Малезија, Тајван и Брунеи.

Владиниот портпарол во Манила, Абигал Валте денеска на прес конференција соопшти дека Филипините во Хаг доставиле доволно докази за судот позитивно да ја реши нивната тужба. Филипинската страна ќе ја застапува министерот за надворешни работи Алберт дел Росаио, а е му помага тим врвни адвокати од САД.

Кина уште при поднесувањето на филипинската тужба соопшти дека Трибуналот во Хаг не го смета за субјект кој ќе решава за спорот. Најголемата отстапка на Пекинг е предлогот за спорните прашања да се преговара билатерално.

Во меѓувреме, политичката тензија во регионот на Јужното Кинеско Море Кинезите ја поткренаа со изградба на поголем број цивилни и воени населби на до скоро пустите острови и атоли. Поради поставување на нафтени платформи во дел на морето кое Виетнам го смета за своја територија, во февруари годинава избувнаа масовни и крвави протести во кои беа уништени дваесетина фабрики кои со кинески средства се градени во Виетнам. Кинеските стручњаци го напуштија Виетнам, а заладените дипломатски односи меѓу Ханој и Пекинг сеуште се актуелни.

Деновиве во Јужното Кинеско Море се оддржуваат и големи воени маневри на армиите на Филипините и САД. На овие маневри, прв пат по втората светска војна, вон сопствената државна територија, учестува и армијата на Јапонија. Аналитичарите сметаат дека вака организираните маневри ќе ги зголемат проблемите поврзани со сувереноста на Јужното Кинеско Море,а не е мал број на прогнозите дека ова подрачје е нов можен извор на глобална политичка криза.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија