На Тунис му е потребна воена и финансиска поддршка од Западот за да се бори против терористите од Исламска држава или во спротивно Европа ќе се соочи со нив, предупреди Мохсен Марзук, шеф на владејачката туниска партија и советник на претсеатделот на Тунис.
– Треба да разбереме дека ова е војна, а војна не може да чека поддршка однадвор, изјави тој.
Властите во Тунис уапсија 12 осомничени за учество во нападот кога вооружено лице на плажа во Сусу уби 38 туристи, а експерти предупредуваат на можни нови напади.
– Тунис е последниот ѕид меѓу терористите и Европа. Ако Тунис не биде во состојба да се избори со нив, Европа ќе се соочи директно со нив, предупреди тој во интервју за Индепендент.
Според него, на туниската армија и се потребни нови возила, државата има само неколку воени хеликоптери, а осум летала порачани од САД нема да пристигнат до 2017 година.
Патролирањето долж границата со Либија е нов предизвик. На Тунис му се потребни беспилотни летала и радари да спречи шверц на оружје од Либија. Марзук предупреди дека државата се соочува и со влошена безбедносна, но и економска ситуација.