Чистки во ВИП, можни поскапувања пред спојувањето со ОНЕ

Од:

Големи кадровски потреси во ВИП. Карлос Слим почнал да го расчистува теренот пред да завладее со македонскиот телеком пазар, дознава А1он.

Телекомуникацискиот бос ги разрешил сите директори, крати цели сектори во ВИП, а надлежни за оперативата во Македонија се нивните колеги од Хрватска. Кадровски резови се случуваат и во Близу, кабелскиот оператор кој од неодамна е во сопственост на ВИП. Сето ова се случувало во пресрет на одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата за спојување на ОНЕ и ВИП.

Постојат прогнози дека ова ќе доведе до поголема катастрофа на пазарот, не само за човечкиот фактор туку и за ценовната политика што ќе следува. Ваквото спојување може да не вратат на состојбата од пред десетина години кога на пазарот функционираа само два оператора, а ценовната политика беше предмет на договор помеѓу операторите. Доколку се повтори оваа состојба одредени експерти, постои можност за зголемување на цените на телефоните, интернетот и тв за најмалку 50 проценти што повторно ќе удри по џебот на граѓаните.

Со оваа одлука на КЗК ќе паднат во вода и сите заложби на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ кои преку програмата во 100 чекори ја промовираа идејата за либерализација на телекомуникацискиот пазар која успеа да донесе трет оператор.

Најавите за влез на неколку виртулени мобилни оператори по спојувањето на ОНЕ и ВИП се далеку од реални бидејќи праксата покажа дека два виртуелни оператори кои се обидоа да оперираат во Македонија пропаднаа во големи долгови, а еден од нив е примерот со Албафон кој ги прекина своите операции пред неколку недели.

Би можело да ве интересира

Бизнисмените кои знаат плаќаат најмалку, а добиваат најмногу

Ана Ололовска

Со Vip Roam Surf целосна контрола на трошоците во роаминг

Ана Ололовска

Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Наум Локоски

Документарната програма BBC Earth на Vip TV

Ана Ололовска

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Ана Ололовска

Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Ана Ололовска