Туниската полиција денеска соопшти дека уапсила 12 џихадисти, кои се осомничени дека учествувале во нападот врз хотелот со странски туристи и убиваа капачи на плажата во Сасу.
Полицијата наведе дека трага за уште двајца напаѓачи кои поминале обука во џихадистички камп во Либија.
Во нападите на џихадистите, во петокот загинаа 38 странци, од кои најголемиот број британски туристи, а полицијата уби и еден напаѓач.
Во март двајца вооружени мажи убија 21 лице во тунискиот музеј Бардо, пред да бидат елиминирани од полицијата.