Иако не помина ниту една година откако е поставена оградата на мостовите на кејот на Вардар, таа веќе е распукана.
За разлика од објектите кои низ светот се граделе и траат со векови, „скопскиот барок“ се распаѓа за кратко време откако е измонтиран.
Воочливо е на многу места кршење на мермерот на оградите на мостовите на кејот, фонтаните на мостот се во хаос и распаднати, позеленети се сите споменици.
Се повеќе се забележува дека „неокласичните“ односно гипсени столбови се само лепени на објектите.
На многу места и плочките на мостовите се распаѓаат.
Целиот проект е во хаос-статуите кои се поставуваа се разместуваат, некои од нив завршија на сосема друга локација подалеку од центарот на Скопје. Некои статуи служат како канти за отпадоци.
Се разместуваат споменици од првичната локација која беше предвидена во проектот, како тој на Цар Самоил.
И палмите за кои беа фрлани пари и кои се затоплуваа преку зима, сега ги нема на кејот кај новиот театар.
Но и покрај тоа, сега се засадени нови, повторно на кејот, но кај Министерството за надворешни работи.