Кинеската Комунистичка партија прима се помалку членови

Од:

Владејачката Кинеска комунистичка партија објави дека прифатила 15 отсто помалку нови членови минатата година и оти се фокусирала на квалитетот.

Во официјалното соопштение на партијата се наведува дека нејзиното членство се зголемило за 1,1 милион членови, односно забележан е раст од 1,3 отсто минатата година. Во моментов во партијата членуваат 87,8 милиони комунисти.

Создадени се и 56 илјади нови основни партиски организации и фирми и институции, со што нивниот вкупен број во земјата достигна 4,36 милиони.

Осумдесет и два процент од новопримените членови се на возраст под 35 години.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он