Постигнат е консензус за поголемиот број елементи од мировниот предлог на Обединети нации за Либија, изјави посредникот на ОН за Либија, Бернандињо Леон.
Тој истакна дека по последните мировни преговори со посредство на ОН во Мароко, можен е договор за главниот текст на политичкиот договор.
Претставници на двата ривалски парламенти, еден со седиште во Триполи и другиот во Тобрук, вчера првпат започнаа официјални преговори.
Леон посочи дека претставниците на двата парламенти в среда во мароканскиот град Скират повторно ќе преговараат.
– Тоа ќе отвори пат за расправа за фромирање Влада на национално единствио и за анекси на договорот, истакна Леон.
Либија е во политичка криза откако беше соборен претседателот Моамар Гадафи во 2011 година. Земјата е блокирана со внатрешни судири меѓу просекуларната војска и исламистичките милитанти, што доведе до безбедносен вакуум и раст на внатрешниот екстремизам.
ОН посредуваат меѓу судрените страни од септември минатата година, но судирите продолжуваат и покрај договореното примирје.