Исламска држава го објави идентитетот на убиецот на 38 туристи во хотелот Империјал во Тунис. Тоа е Абу Јахја Кујравани кој пукаше во луѓето на плажа, чија слика се појави на социјалните мрежи, објавена од Исламска држава.
-Нашиот брат, војникот Абу Јахја ал Кујравани, ја оствари својата цел во хотелот Империјал, иако имаше обезбедување, напишаа покрај неговата фотографија.
Како што известуваат британските медиуми, Британците биле главна мета на терористичкиот напад во Тунис, а покрај нив мета биле и Германците, Белгијанците како и жителите на Тунис.
-Се смееше и се шегуваше, изгледаше како нормален човек. Бираше кого ќе убие. На одредени луѓе им кажа да се засолнат. Целта му беа британските и француските туристи, рече еден од сведоците.
Се уште не е утврдено дали е тоа терористот кои ги усмрти туристите во Сус.
На интернет се појави и видео снимка на која се гледа еден од двајцата туристи кој е убиен во терористичкиот напад кој се случи на плажата во Тунис.