(ВИДЕО) Манчевски: Целосно ќе се расчистат сомнителните донации во споменици

Од:

„На следната седница на советот на град Скопје, која ќе се одржи во понеделник, 29 јуни 2015 година, анонимното Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Скопје, повторно донира нов споменик на градот.

Со оглед на тоа што и во предлог одлуката за оваа донација повторно не е наведена вредноста на споменикот, советничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница за советнички прашања ќе постави прашање за вредноста на донацијата“, изјави на денешната прес конференција потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски,  координатор на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во советот на Град Скопје.

„На денешната седница за советнички прашања, помеѓу другите прашања, советничката група на СДСМ и коалицијата ќе праша за вредноста на новиот споменик и кој е неговиот автор.

Ова е веќе шести споменик кој го донира анонимното здружение, без за тоа да има никакво финансиско покритие. Уште пред една година, во август 2014 година поставивме прашање за вредноста на спомениците и кои се нивните автори. Одговор нема. Официјалниот одговор од Коце Трајановски е дека прашањето го проследил до здружението и уште чекаме одговор.

Но, тоа не го спречило Коце Трајановски во меѓувреме повторно да договори нова донација на споменик. При тоа заборавил да ги праша во анонимното здружение за она што му е обврска, а тоа е да одговори колку чинат и кој ги направил претходните пет споменици.

Почитувани граѓани, никој не е наивен. Коце Трајановски е директен соучесник во тежок криминал на примање на донации во вид на споменици со сомнително потекло. Разговорите од Вистината за Македонија ни потврдија дека зад сето тоа стои директно Никола Груевски. И покрај сите декларативни заложби на Груевски деновиве дека ќе ги спроведе сите препораки на ЕУ, тој го прави тотално спротивното.

Ова е уште една потврда дека Никола Груевски не е способен да ги спроведе ни најосновните демократски реформи во Македонија. Ова е уште една потврда дека криминалецот Никола Груевски веднаш мора да поднесе оставка.

СДСМ останува посветен на своите принципиелни заложби за расчистување на овој случај. Веднаш по оставката на Никола Груевски и воспоставувањето на демократските институции во Македонија, ќе побараме да се спроведе истрага за потеклото на парите за спомениците кои како донации ги прима градот Скопје и изведување пред лицето на правдата на сите инволвирани во овој случај“, изјави Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат