Со голот на Маурицио Исла домаќинот на фудбалското првенство во Јужна Америка, репрезентацијата на Чиле ноќеска го победи Уругвај и обезбеди полуфинале.
Стрелецот на победничкиот гол во минималната победа за Чиле од 1:0 погоди во 81.минута, а 18 минути претходно Уругвајците останаа без својата ѕвезда Едисон Кавани кој доби црвен картон (втор жолт).
Покрај Кавани, пред крајот на средбата исклучен беше и Фусиле, па Уругвај натпреварот го заврши со девет фудбалери.
Противник на Чиле во полуфиналето ќе му биде победникот од вечерашното четвртфинале меѓу Боливија и Перу.
Во другите два четвртфинални натпревара ќе играат: Аргентина – Колумбија (утре) и Бразил – Парагвај (сабота).