Колумбиецот Џексон Мартинез според пишувањето на шпанска Марка ќе биде новото засилување во нападот на Атлетико Мадрид.
Тренерот на шпанскиот тим Диего Симеоне, се очекува да ја засили напаѓачката формација особено по заминувањето на Марио Манџукиќ.
Прва желба на Симеоне беше неговиот сонародник Карлос Тевез, но откако Аргентинецот ја одби понудата, претседателите на Атлетико Мадрид и на Порто постигнале договор за Мартинез. Висината на трансферот е 35 милиони евра и ќе биде втор најскап во Атлетико Мадрид.
Мартинез има 28 години и во Порто настапуваше од 2012 година, пред неколку сезони неговиот сонародник Радамел Фалкао исто така од Порто мина во Атлетико Мадрид.