Фабиус предупредува на разгорување на израелско-палестинскиот конфликт

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус ги предупреди Израел и Палестинците дека застојот во мировниот процес се заканува да го разгори конфликтот и ги повика двете страни да се вратат крај масата за преговори.

Во април 2014 година, предводените од САД напори за договарање на т.н. решение за две држави претрпеа неуспех, по што Франција се обидува да ги обнови преговорите, пренесува БТА.

– Треба да направиме се можно за двете страни да ги обноват преговорите, изјави Фабиус во Каиро, по средбата со египетскиот претседател Фатах ал Сиси. – Сметаме дека неактивноста создава двоен ризик – од застој и од разгорување на конфликтот, додаде тој.

Фабиус е во дводневна блискоисточна посета заради популаризирање на француската иницијатива за обновување на мировниот процес со посредство на меѓународна група за поддршка, вклучувајќи арапски земји, држави од ЕУ и од Советот за безбедност на ОН. Овие држави ќе работат на вршење притисок на двете страни да направат компромис, кој ниту една не сака да го направи.

Со резолуција на Советот за безбедност ќе бидат определени параметрите и рокот за завршување на преговорите – најверојатно 18 месеци.

– Она што е важно е преговорите да бидат обновени. Безбедноста на Израел треба да биде гарантирана, но треба да бидат признати и правата на Палестинците, а кога ќе има движење нанапред во тој однос, ќе има и импулс за решение за две држави, рече Фабиус.

На истата прес-конференција, египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри ги поддржа напорите за оживување на преговорите со оглед на регионалната геополитичка ситуација.

По средбата во Каиро со клучни министри за надворешни работи од Арапската лига, Фабиус истакна дека се договориле да разботат на создавање на меѓународна контакт група.

Израелски претставници ја поздравија француската иницијатива, напоменувајќи дека единствено преку директен дијалог меѓу двете страни може да се реши конфликтот.

Шефот на француската дипломатија денеска ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Двајца полицајци застрелани во Париз откако маж украл пиштолот

Горан Наумовски