Најмалку 18 загинати и четири исчезнати во силно невреме во јужниот дел на Кина

Од:

Најмалку 18 лица загинаа, а четири се исчезнати во силно невреме што ги погоди јужните кинески провинции во текот на изминатата недела, соопшти денеска Министерството за цивилни работи.

Бурите во текот на изминатите 48 часа во неколку градови оштетија над илјада домови, додека десетина илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, се наведува во соопштението на Министерството.

Најмалку 18 лица загинаа при уривање на куќи, лизгање на земјиште или при давење во поплавите. Во провинцијата Хубеи е регистрирано рекордно ниво на врнежи, при што животот го загубиле десет лица, а над 600.000 биле погодени од невремето.

Во соседната провинција Хунан над 500.000 луѓе се погодени од невремето, додека пет лица загинаа во општината Чонгквин. Две лица загинаа во провинцијаат Гуејжоу, а уште едно во провинцијата Анхуи.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он