Ѕвездата на Чиле, Артуро Видал ќе остане на Копа Америка, откако се извини за инцидентот ноќта меѓу вторник и среда кога под дејство на алкохол предизвика сообраќајна несреќа.
– Жал ми е, се извинувам на сите. Бев во казино, испив две пијачки и доживеав несреќа во која го загрозив животот на сопругата. Ќе сторам се што можам Чиле да го освои трофејот, изјави Видал.
Чилеанскиот репрезентативец беше уапсен по „излетувањето“ со неговото Ферари. Во несреќата тој и неговата сопруга поминале со полесни повреди, а автомобилот бил речиси целосно уништен.