Репрезентацијата на Аргентина ја постигна првата победа на „Копа Америка“ откако ноќеска го победи актуелниот шампион на ова натпреварување Уругвај со 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше Серхио Кун Агуеро во 56.минута.
На вториот дуел од второто коло од Б групата Парагвај ја победи Јамајка со 1:0, а голот во 36.минута го постигна Едгар Бенитез.
На табелата Аргентина и Парагвај имаат по 4 бодови, Уругвај 3, а Јамајка е без бод.
Вечерва се игра еден натпревар од Ц групата: Бразил – Колумбија, додека другиот дуел од оваа група е меѓу Перу и Венецуела и ќе се игра в четврток навечер.