ВИДЕО: Преместувањето на Цар Самоил се покажа потешко и поскапо од планираното

Од:

Реконструкцијата на плоштадот „Македонија“ е веќе готова и тарабите се отстранети, но Цар Самоил се уште не е дислоциран иако од Град Скопје тврдеа дека е потребно споменикот да се премести за да се заврши поплочувањето. Вчера профункционира и новата фонтана-прскалка на плоштад, но на преместувањето на споменикот се уште се работи.

Деновиве со механизација се сече бетонскиот постамент на спомен-обележјето откако претходно беше искршен и здробен мермерот кој го покриваше. Неколку чекори одзади е веќе подготвен новиот бетонски постамен каде треба да се смести скулптурата.

Се претпоставува дека само за преместувањето од градскиот буџет се потрошени околу 100.000 евра, но од Град Скопје не прецизираат за колкава сума се работи.

– Средствата за дислокација на споменикот на Цар Самоил се предвидени во рамки на вкупно предвидените средства за реконструкција на плоштадот – велат од таму.

Реновирањето на плоштадот, инаку, скопјани ги чинеше 2,5 милиони евра.

Додека треаат работите за дислокација на споменикот, на местото на новиот постамент беа исечени два столетни костени, но од Градот демантираат дека дејствијата се поврзани. Од таму рекоа дека костените биле стари и исушени.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски