Обновен спорот меѓу Индонезија и Малезија за суверенитет на дел од островот Калимантан

Од:

Индонезија најави дека ќе испрати протестна нота до Малезија поради се почестото влегување на малезиски воени бродови и авиони на територијата на областите Амбалат и Нункуан, на источниот дел на островот Климантан.

Годинава Индонезија регистрирала девет поголеми нарушувања на нејзината територија од воени бродови од Малезија, а сите бродови се вратиле по предупредувања од индонезиска страна.

Оваа територија, која има големи резерви на нафта и гас, беше повод за заладување на односите меѓу Џакарта и Куала Лумпур во 2009 година, а една година подоцна со посредување на ОН двете држави прифатија спорот да се решава со преговори.

Од тогаш, тврдењата на Индонезија и Малезија за сувереноста над оваа територија не се променети, а двете држави го зајакнаа своето воено присуство во регионот.

Повеќе индонезиски министри и врховниот командант на армијата, генералот Мулдоко денеска изјавија дека ќе се засилат дипломатските напори за Малезија да се убеди да се откаже од аспирациите за ова подрачје.

Во областа Амбалат, на површина од околу 16.000 квдаратни километри има резерви од 764 милиони барели сирова нафта и над 1.400 милијарди кубни метри гас.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски