Репрезентациите на Чиле (домаќин) и на Мексико одиграа возбудлив натпревар на стартот од второто коло од „Копа Америка“ и постигнаа вкупно шест голови, а дуелот заврши без победник 3:3.
Мексико водеше двапати во првиот дел, а Чиле имаше водство од 3:2, но ниту една екипа не ја задржа предноста.
Головите за Чиле ги постигнаа: Артуро Видал (22.минута и 55.минута – пенал), Едуардо Варгас (42.минута), додека за Мексико стрелци беа: Висенте Вуосо (21.минута и 66.минута), Раул Хименез (29.минута).
На вториот натпревар од А групата Боливија го победи Еквадор со 3:2, а победникот беше решен во првиот дел кога Боливија имаше водство од 3:0 и притоа Еквадор преку Валенсија не реализираше пенал.
На табелата водат Чиле и Боливија со по 4 бодови, Мексико има 2, а Еквадор е без бод.
Вечерва се играат дуелите од второто коло од Б групата: Парагвај – Јамајка и Уругвај – Аргентина.