Најмалку тројца припадници на туниската полиција се убиени денеска во напад на исламски екстремисти на контролен пункт во близина на градот Сиди Бузид, во централниот дел на Тунис, јави туниската државна агенција.
Двајца полицајци се убиени во напад на контролен пункт, а третиот подоцна во судири со екстремистите.
Во нападот е убиен и еден исламски борец.
Засега ниту една група не презема одговорност за нападот, но во земјата се активни неколку помали исламистички групи, меѓу кои и Окба Ибн Нафа, која делува во пограничниот дел со Алжир.