Кинески хакери украле важни податоци од Американци кои имале пристап до доверливи информации

Од:

Кинески хакери, кои во декември минатата година украдоа лични податоци на милиони американски државни службеници, исто така успеале да земат и информации за лицата кои имале дозвола за пристап до доверливи информации, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Хакерите успеале да влезат во базата со податоци од досиејата со барања за пристап до тајна информација на службеници или вработени во федералната Влада во период од неколку десетина година.

– Ова е потенцијална катастрофа во однос на контраразузнавањето, изјавил за весникот поранешниот висок функционер во американското разузнавање, Џоел Бренер.

Според него, во украдените досиеја има интимни податоци кои можат да послужат како уцена за лицата кои имаат пристап до доверливите информации, со што „тие стануваат полесна мета за врбување од шпионските служби на друга држава“.

Во базата на податоци постојат детали за личниот живот, финансиите, семејството, соседите и контактите со странци. Во формуларите има премногу лични податоци за кандидатите, а тоа се ментални нарушувања, употреба на наркотици и алкохол, банкроти и апсења во минатото.

Минатата недела американските власти признаа дека податоците на четири милиони федерални службеници биле украдени, но не ја обвинија јавно Кина.

Белата куќа соопшти дека не може да ги потврди медиумските наводи дека при кибернападот биле украдени податоците на 14 милиони актуелни и поранешни американски државни службеници.

Синдикатот на вработените во американската администрација вчера истакна дека хакерите украле лични податоци и идентификациски броеви на секој федерален службеник во САД.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернст изјави дека истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он