Заложничка криза во Конзулатот на Тунис во Триполи

Од:

Група вооружени лица денеска упаднаа во Генералниот конзулат на Тунис во либискиот главен град Триполи, каде како заложници задржаа 10 службеници на дилпматското претставништво, соопшти туниското Министертсво за надворешни работи.

– Овој инцидент претставува флангратно кршење на тунискиот национален суверенитет и на меѓународното право, се наведува во соопштението, без да бидат дадени повеќе детали за настанот,

Министерството нагласува дека Владата во Тунис со внимание ја следи состојбата и работи на ослободување на заложниците.

Како што јави ДПА, либиските власти засега не ги коментираа ваквите инормации.

Во Либија во моментов постојат две ривалски влади, кои веќе неколку месеци водат борба за власт и покрај преговорите што ги водат со посредство на ОН.

Од друга страна, последниве месеци во Либија зајакнаа и активностите на џихадистичката група Исламска држава, што дополнително ја влоши безбедносната состојба во земјата, која е зафатена со граѓанска војна од соборувањето на режимот ма Моамер Гадафи во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен