Нова катна гаража во барокниот стил од „Скопје 2014“. ќе се гради до „Халк банка“ кај „Нова Македонија“ во Капиштец.
Проектот е готов, но изгледот се држи во тајност. Се знае дека ќе има седум ката за паркирање на 190 возила. Но и тука ќе бидат сместени деловни објекти.
Парите ќе бидат од општина Центар , но за изградбата ќе се трошат и пари од буџетот.
Темелите на објектот ќе бидат поставени најверојатно до крајот на годинава.
Планираната катна гаража ќе биде деветта по ред што се гради во централното подрачје, а втора инвестиција на Општина Центар.