По информациите дека штотуку донесена, сега ќе се укине исплатата на регресот за годишен одмор, Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикатите договорија да продолжат со разговори за да се утврдат модалитетите, начинот и висината за исплата на регрес за годишен одмор.
Како што информираа од Организацијата на работодавачи, во понеделник почнале со разговорите за измени и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството заедно со претставниците на Сојузот на синдикатите.
„Од страна на социјалните партнери беа презентирани ставовите за повеќе прашања од кои и за регресот за годишниот одмор. Ставовите беа насочени кон прашањата за начинот и висината на исплатата на регресот за годишен одмор врз основа на анализата која ја презентираа социјалните партнери. Социјалните партнери се договорија и натаму да продолжат разговорите со цел да се утврдат модалитетите, начинот и висината за исплата на регрес за годишен одмор“, се вели во соопштението.