Утре 30 степени

Од:

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде со мала до умерена облачност со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Попладне во западните и југозападните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со повремен пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната од 25 до 30 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде малку до умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе биде 12, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Од понеделник ќе продолжи периодот на појава на нестабилност со локален често пороен дожд и грмежи, претежно во попладневните часови. Врнежите ќе се почести во јужните делови, но и во планинските региони. Поизразена нестабилност ќе има во среда во крајните југозападни делови, но и во четврток и во петок и во останатите делови од земјата.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска