Дали сте знаеле дека најкратката војна во историјата траела само 38 минути?
Погледнете меѓу кого се водела и кои воени судири се нашле на листата која ја состави британскиот „Индепендент“.
На прво место е Британско-занзибарската војна од 1896 година, која траела само 38 минути.
Таа година Кралскта воена морнарица на тогашната Британска Империја ја поразиле војската на занзибарскиот султан за само 38 минути.
Второто место го зазема Фудбалската војна од 1969 година меѓу Салвадор и Хондурас која траела 100 часа.
Војната почнала поради протестите по голот во продолжението на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во фудбал, во кој репрезентацијата на Салвадор победила со 3:2.
Третото место го заземала Шестдневната војна од 1967 година, кога Израел за само шест дена ги порази Египет, Јордан, Сирија и Ирак.
На четврто место е руско-грузиската војна од 2008 година, која траеше шест дена од 7 до 12 август, а заврши со победа на Русија.
Британскиот весник на петто место ја стави војната за независност на Словенија од 1991 година, која траеше 10 дена од 27 јуни до 7 јули, а заврши со потпишување на договор на Бриони.
Шестото место го зазема Петричкиот инцидент, граничен инцидент меѓу Бугарија и Грција од 1925 година, кој траел 11 дена од 19 до 29 октомври. Според некои сведоштва, до инцидентот дошло кога бугарските граничари убиле еден грчки војник, кој потрчал по своето куче.
На крајот на оваа листа се најде грузиско-ерменската војна од 1918 година, која траела 24 дена, а избила поради граничен спор по отоманското повлекување на крајот на Првата светска војна.