Претседателот на ДУИ Али Ахмети изрази задоволство од четвртата препорака на Европската Комисија за старт на пристапните преговори на Македонија, откако извештајот лично му беше предаден од Директорот на Дирекцијата за Проширување Стефано Санино.
Ахмети смета дека заеднички треба да се интензивираат напорите за земјата да добие уште понапредни заклучоци за време на Европскиот Совет во декември.
„Треба да продолжат ангажманите за побрза динамика на реформскиот процес, да се инвестира во добрососедски односи со земјите од регионот, да се интензивира комуникацијата со соседите и да продуцираме внатрешна политичка стабилност. Претседателот Ахмети се заблагодари на екипата на Комесарот Фуле за макотрпната работа и за извештајот со кој ние сме задоволни иако сме свесни дека се уште треба се продолжи со работа. Ние во Демократската Унија за Интеграција сме согласни со пријателските препораки на Брисел и ќе направиме се за да ги исполниме препораките од Европската Унија. Истотака, Претседателот Ахмети изјави дека оценката на ЕУ за добрососедски односи и околу внатрешната политичка ситуација се коректни.
Ние не сакаме одолговлекување ниту на комуникацијата со соседите ниту во исполнувањето на потребните реформи за да ги помогнеме нашите пријатели во Брисел за потоа тие да ни помогнат за време на самитот на земјите членки на Европската Унија во декември”, велат од ДУИ.
„Локалните институции и сите политичари треба да имаат конструктивен приод кон сензитивниот процес и да придонесат со конструктивни изјави затоа што само така, заедно со нашите пријатели, да ја постигнеме целта. Претседателот Ахмети истотака им честиташе на гостите и сите во ЕУ за Нобеловата награда за мир”, соопштија од ДУИ.