Стефановски најавува победа и во Чешка

Од:

Македонскиот ас Игор Стефановски – Иџе ќе се обиде да ги избрише лошите сеќавања од патеката „Еце Хомо“ во Штернберк, Чешка и да ја продолжи низата победи на теренот на најголемите конкуренти. По тринеделна пауза продолжува европската авантура на најдобриот македонски спортски амбасадор, Стефановски, кој со своето Mitsubishi Lancer EVO IX викендов го очекува петтата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки.

Македонскиот автомобилст успешно ја брани минатогодишната шампионска титула во ова првенство со четири победи во исто толку трки сезонава за 100-процентен резултат.

Патеката „Еце Хомо“ не му е во добро сеќавање на Иџе. Лани таму со тешки маки стигна до второто место во својата група Н откако во текот на саботата и неделата имаше дури три судари со заштитната ограда.

– Чудна и зла патека е Еце Хомо. Не беа само сударите лани, туку од тие оштетувања почнаа компликациите во продолжението на сезоната и многу драматични моменти кога бевме блиску до откажување. Минатата, дебитантска година го плативме данокот на неискуството и направивме лош избор на гуми за таа трка. Овојпат, направивме анализа со спонзорот „Мотоцентар“ кој е наш официјален добавувач на пневматици околу тоа која компонента најмногу би одговарала на таа патека и се надевам дека овојпат го имаме вистинскиот избор, вели Стефановски.

Инаку, во текот на оваа недела, тимот на нашиот автомобилст најпрвин престојуваше во Полска, во специјализираниот сервис “4 Турбо“ каде што беше извршен преглед на возилото и беше заменета турбината која на претходните трки функционираше со 75% од можностите.

– За жал и сега возилото не е целосно подготвено и до максималната сила му недостасуваат 20 „коња“. Пред сервисот во Катовице бев во Прага каде ми беше поправен предниот амортизер. Факт е дека домашните возачи, Лос, Јерман, останатите ќе имаат дополнителна мотивација да се докажат против мене пред нивната домашна публика, но ние не го менуваме нашиот план. Останува како и досега – одиме на победа и евентуално напад на рекордот на патеката во мојата група. Мислам дека ако не беа минатогодишните проблеми немаше да загубам од Лос, изјави Стефановски.

За трката вкупно се пријавени 117 натпреварувачи. Се работи за многу брза патека со просек од 125 километри на час. Долга е 7.800 метри, а асфалтот е лизгав и мазен што при повисоки температури значително ги троши гумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна