Попладнево дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветар се очекуваат во четврток и петок, особено во северните и источните делови од земјава, предупредуваат од Управата за хидрометеорологија

Ваквите временски промени се условени од влажна и нестабилна воздушна маса од исток во која ќе се најде територијата на Македонија.

Локално можно е врнежите да бидат поинтензивни. Врнежи ќе има и во вечерните часови кои сепак ќе бидат полокализирани. Преку денот ќе дува умерен североисточен ветар.

И во петок времето ќе биде променливо и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветар. На места можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме.

За време на викендот, во јужните и планински делови се уште ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска