Попладне и утре пороен дожд, грмежи и ветер

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека денеска и  утре, Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од исток, која веќе од пладневните часови на места условува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјава.

Локално можно е врнежите да бидат поинтензивни. Врнежи ќе има и во вечерните часови кои ќе бидат полокализирани.

Утре времето ќе биде променливо и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер. На места можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме.

За време на викендот, во јужните и планински делови сеуште ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска