Бан повика на итна обнова на израелско-палестинските преговори

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун повика на итна обнова на израелско-палестинските мировни преговори и на прекин на едостраните потези кои ја поткопуваат меѓусебната доверба.

Во обраќање на собирот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНВРА), организарна по повод 65-годишнината од нејзиното формирање, Бан нагалси дека при основањето на ова тело не било планирано тоа да постои 65 години, но дека таквата состојба е последица на „политичкиот неуспех“.

Генералниот комесар на УНРВА, Пјер Крахенбул изјави дека денес се регистрирани над пет милиони палестински бегалци, што е „еднакво на бројот на жителите на Норвешка или Сингапур“.

Според Крахенбул, палестинските бегалци се соочуваат со „егзистенцијална криза на многу фронтови“, почнувајќи од израелската блокада на Пијасот Газа и секојдневното стравување дека би можеле да бидат притворени од страна на израелската армија на Западниот Брег, па се до живеењето под „немилосрадна опасада и насилство“ во бегалскиот камп Јармук во близина на сирискиот главен град Дамаск.

– Нивната изолација, исклученост и одземањето на имотот претставуваат темпирана бомба во регионот, но и кршење на човековите права и достоинство, потенцира Крахенбул.

Според податоците на УНРВА, денес 65 проценти од палестинските бегалци се помлади од 25 години и најголемиот дел од нив се четврта генерација на првите палестински бегалци од Арапско-израелската војна од 1948 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство