Пуарје: Србија лидер во регионот во заштита на детските права

Од:

Директорката на УНИЦЕФ за Европа и централна Азија, Мари Пјер Пуарје смета дека Србија е лидер во регионот кога е во прашање реформа на системот за детска и социјална заштита, јави Танјуг.

Пуарје во интервју за Политика вели дека според најновите анализи на УНИЦЕФ, во Србија 74 отсто од децата од сиромашни семејства одат во средно училиште. Според тие податоци децата во Србија во просек добро се здравствено згрижени, квалитетно образовани и добро ухранети.

– Повеќе од 95 деца во Србија ги примиле сите вакцини предвидени со календарот за имунизација, а 97 отсто од нив посетуваат училиште, изјави таа.

Според неа, Србија истовремено развила и систем за едукација на старатели како да се грижат за деца со пречки во развојот, а тој „современ пристап дава добри резултати“.

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски