Две милијарди евра од ЕУ за рурален развој на Хрватска

Од:

Европската комисија денеска одобри за Хрватска две милијарди и 26 милиони евра за рурален развој до 2020 година. Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (ЕАФРД) распоралага со 99,6 милијарди евра за програмскиот период 2014-2020 година.

– Една од главните предности на нашиот концепт за рурален развој е да имаме шест клучни приоритети, но секоја држава членка и регион осмислува програми во согласност со својата ситуација, изјави Фил Хоган, европски комесар за земјоделие и рурален развој.

– Со програмите донесени денеска се овозможува финансирање низа динамични проекти, од проекти за модернизација во земјоделието во хрватска и романија до воведување широкопојасен интернет во ретко населени области во Италија како и поддршка за органска храна во Шведска или поттикнување еколошки прифатливо управување со земјиште на милион хектари во Ирска, нагласува Хоган.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик