Заменик министерот за образование Сафет Незири пристигна кај трговскиот центар Мавровка за да пшрисуствува на церемонијата на свечено откривање на споменикот на Хасан Приштина.
Пристигна и раководството на ДУИ со претседателот Али Ахмети и градоначаникот на Чаир Изет Меџити за свечено да го откријат споменико на албанскиот херој.
Заменикот министер за образование Незири вели дека Хасан Приштина е од големо значење не само за Албанците туку и за Македонците бидејќи заедно со ВМРО-ДПМНЕ учествувал во ослободувањето на Македонија од Турците.
Незири не смета дека ова ќе предизвика тензии затоа што во општина Чаир бил изгласано да се изградат споменици со значење и за други етникуми во Македонија.
Според него уште два споменици на Албанци од времето на НОБ ќе бидат поставени на плоштадот во рамки на проектот Скопје 2014.