Еден војник во воена база во главниот град на Тунис отвори оган кон своите колеги и уби тројца од нив, по што и тој беше убиен, изјави портпаролот на туниската армија. Во пукотниците се повредени 15 лица.
Портпаролот нагласи дека нападот не е извршен однадвор.
Засега не е познато што го натерало војникот да отвори оган кон неговите колеги.
Поради пукотниците во базата Бушуша евакуирано е едно училиште, кое се наоѓа во близина.
Воените сили на Тунис од 18 март се во состојба на готовност, кога вооружени исламисти го нападнаа музејот Бардо во главниот град и при тоа убија 21 лице, претежно странски туристи.