Екстремистичката организација Исламска држава ја зазеде ирачката страна на важен граничен премин со Сирија, откако ирачките сили се повлекоа, изјави локален полициски службеник.
– ИД изутрината го зазеде граничниот премин Ал Валид на границата меѓу Ирак и Сирија по повлекувањето на војската на ирачката погранична полиција, изјави истиот извор.
Џихадистите три дена претходно ја зазедоа сириската страна од преминот позната како Ал Танаф.
Полициски претставник изјави дека ирачките сили во Ал Валид прибремено се повлекле назад кон најблискиот премин на границата со Јордан.
ИД минатата година го зазема преминот на границата меѓу ирачката провинција Анбар и Сирија.
Третиот граничен премин меѓу Ирак и Сирија се наоѓа посеверно и тој е под контрола на курдските сили.