Во Театар Комедија во Скопје денеска ќе биде изведен првиот македонски мјузикл за деца со наслов “Љубовта победува се”.
Главни јунаци се децата од скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин кои ги играат улогите за овошјето и зеленчукот. Останати носители на дејството се Кралот Кромид-Кире Ристески, Кралицата Јаболко-Анастасија Низамова, Учител-Светлана Лукарова, Раскажувач-Илина Матеска, Сестра-Божана Гошева, Брат- Симеон Гошев и Хор-Воспитувачите од градинката.
Мјузиклот е според идејата на Злата Николиќ во сценарио и режија на Афродита Кирјаковска. Автор на музиката е Борислав Јоргушески, а за костимографијата и кореографијата се погрижија Ратка Џамбазова Коцев и Ема Достинова. Зад продукцијата се потпишува ДО РЕ МИ, гитара Виктор Захариев и координатор Лидија Поповска.