АИ: Катар и понатаму ги злоупотребува правата на странските работници

Од:

Правата на странските работници во Катар и понатаму не се почитуваат и се злоупотребуваат и покрај ветувањето на властите дека ќе ја променат состојбата, се вели во најновиот извештај на Амнести ИНтернешенел.

Оваа организација за заштита на човековите права, забележува дека Катар има направено мал напредок, но додека прогрес се забележува во некои сектори, во повеќето други ништо не е направено.

АИ го почна мониторингот за Катар, откако оваа мала земја во Персискиот Залив, богата со нафта и гас, беше остро критикувана за нејзниот однос кон околу 1,5 милион странски градежни работни, дојдени од разни страни за да учествуваат во изградбата на објектите за Светското првенство во фудбал, во 2022 година.

Катарските власти и домашните компании кои ангажираат странци за да работат на градилиштата, се критикувани за лошото и често нехумано сместување на лугето, за непочитување на нивните работни квалификации, за нередовното делење на платите, како и за непочитување на нивните основни права.

Мониторингот беше засилен откако едни од главните спонзори на Светското првенство- Виза и Кока Кола- јавно ги осудија катарските власти за нивниот однос кон странските работници и ја критикуваа ФИФА, што не реагира за „очигледното нарушувањее„ на човековите и работничките права во земјата, домаќин на првенството.

Според извештајот на АИ публикуван денеска во Лондон, Катар се уште го нема исполнето ветувањето дека ќе го измени системот под кој работниците бараат дозвола од своите работодавачи да ја напуштата земјата, доколку го сакаат тоа, или да го променат работното место, или компанијата за која првично се ангажирани.

Истрагата на АИ открила дека работниците и понатаму не примаат редовно плата и по пет и повеќе месеци, но дека мораат да молчат за тоа и да доаѓаат на работните места.Катарските власти продолжуваат со одложување на промената на законот за работни односи, со кој би требало да се определи начинот на кој ќе бидат наградувани и ќе се земаат во предвид нивните квалификации.

Властите во Катар тврдат дека работите се менуваат на подобро, а министрот за труд, Абдулах Кулафи уверува дека до крајот на оваа година, 90 отсто од законите ќе бидат сменети и прилагодени на барањата.

Минатата недела, меѓутоа, неколкумина новинари, меѓу кои и странски, кои водеа истрага за состојбата со правата на станските работници и односот на властите кон нив, беа приведени од катарската полиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот