44-годишниот Даниел Трајковски е револтиран, бидејќи МВР се уште не презема ништо, а пријавил обид за убиство.
Трајковски вели дека, се работи за пресметка со него, и нарачан атак врз неговиот живот, бидејќи од 25.05.1991 година е член на СДСМ.
Тој раскажува дека на 28.04 околу 22 часот со приватниот автомобил Голф 5 се движелво правец од хотел Александар Палас, према Илинденска.
Забележал Фолсфаген Пасат со црна боја и затемнети стакла како во неговата лента му го пресекол патот и од автомобилот излегле две НН лица со маски на главата и со пиштоли почнале да пукаат кон него, по што слушнал два истрели од огнено оружје.
„Во тој момент се исплашив, додадов гас и удрив од десната страна на Пасатор и продолжил да се движи. Веднаш потоа го пријавив настанот во ПС Ѓорче Петров. Револтиран сум бидејќи досега нема ништо од истрагата. Во Полициската станица ми рекоа дека камерите не работеле. Мислам дека полицијата намерно не презема ништо за расветлување на настанот, бидејќи ќе се открие дека ова убиство сакаа да го сторат лица познати на властите“, вели Трајковски.