Припадници на Исламска држава (ИД) денеска се судрија со сириската армија во близина на древниот град Палмира и се закануваат дека ќе го уништат местото, кое е на листата на УНЕСКО за светско културно наследство, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
– Палмира е во опсаност, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
Тој наведе дека ИД се наоѓа меѓу Ел-Сукна и Палмира.
– Џихадистите по преминувањето на пустината се судрија со сириската армија, при што настрадале 110 борци. Припадниците на ИД се наоѓаат на два километри од Палмира, додаде Рахман.