Спасувачките екипи трагаат по 15 рудари во рудник за злато во Колумбија

Од:

Спасувачките екипи работеа цела ноќ за пронаоѓање на 15 исчезнати рудари, откако три вертикални шахти на рудник со злато во Колумбија беа поплавени вчера.

Поплавата веројатно е последица на прекинот на доток на струја или на експлозија во шахтите, кои се наоѓаат меѓу 14 и 27 метри под земјата во рудникот Риосусио, во северозападна Колумбија.

– Рудникот е целосно поплавен, изјави Леонардо Мехија, сопственик на рудникот и додаде дека некои од рударите кои работеле под земјата успеале да се спасат, откако дознале дека нешто се случува, но стравува дека можно е 15-мината исчезнати всушност да се загинати.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ги повика спасувачките екипи да ги вложат сите напори за пронаоѓање на загинатите. Властите доставија дополнителни генератори за да ги активираат пумпите за отстранување на водата, но прочистувањето на рудникот ќе трае најмалку три дена.

За време на инцидентот во рудникот имало меѓу 20 и 25 рудари.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски