НДМ: Иванов недозволиво „чукал тапани“ по Европа со информациите за терористите во Куманово

Од:

„Народно движење за Македонија изразува длабока шокираност од синоќешната изјава на претседателот Ѓорѓе Иванов дека домашните разузнавачки информации за терористичката група во Куманово писмено им ги доставувал на 17 партнерски служби на земјите од Европската унија и НАТО, како и на земјите во регионот.

Ако се земе дека 17 партнерски земји плус десетина од регионот е речиси цела Европа, тогаш, произлегува дека Иванов недозволиво „чукал тапани и правел свадба„ на европскиот континент со домашните разузнавачките информации.

Оттука, се потврдува она, на што НДМ подолг период укажува дека капацитетот на претседателот на РМ како врховен командант и премиерот на владата под кое е одговорно МВР, се лимитирани во смисла на способноста на донесување на соодветни одлуки заради фактот што во моментот се опкружени со некомпетентни советници кои на тие места не се поставени врз основа на знаење, способност и достигнување“, се вели во соопштението на Народното движење за Македонија.

„НДМ му обрнува внимание на Иванов дека разузнавачките служби имаат потреба да разменуваат информации со странски партнери, меѓутоа, за прашања корисни за странски партнери, а информациите за терористичката група во Куманово се исклучиво во домашен контекст и оттука не можат да бидат предмет на меѓународна размена.

Оттука, загрижува фактот што претседателот Иванов не бил доволно внимателен при давањето на разузнавачки иформации на огромен број на странски служби, заради што, НДМ ќе ја разгледа можноста за иницирање на постапка за утврдување на негова одговорност во смисла на член 87 од Уставот на Република Македонија.

Истовремено, постапката на импичмент против претседателот ќе треба да даде одговор и на прашањето, дали контроверзното загинување на поголем број припадници на МВР во акцијата, кое нешто наведува на заседа, е резултат на дилетанската одлука на Иванов како праќач на информации на широк круг странски примачи на информации“, пишува во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски