Северна Кореја успешно тестираше подводна балистичка ракета, што е опишана како „стратешко оружје на светско ниво“, јавија денеска севернокорејската агенција КЦНА.
„Оддржан е подводен тест од подморница на корејската моќна стратешка балистичка ракета“, јави КЦНА и додаде дека лидерот Ким Џонг-ун присуствувал на настанот и дека го гледал лансирањето од воената подморница.
Ракетата што е производ на личната иницијатива на Врховниот командант на Војската на корејската народна армија Ким Џонг-ун, е исполнување на најновите воени научно-технолошки барања, пренесуваат француските медиуми.
Лансирањето следеше само еден ден откако Пјонгјанг остро реагираше на обвинувањата на САД дека севернокорејското испитување на вселената „ во суштина е прикриена програма за балистичките ракети“ и вети дека во орбитата ќе испрати уште сателити и покрај санкциите на ОН.