Денеска дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд со променлив интензитет. Локално ќе има појава на грмежи, особено во јужните и источните делови каде врнежите повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд и грмежи.

Утринската ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат послаб интензитет. Ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец.

Највисоката дневна темпратура ќе биде од 19 до 25 степени. Во понеделник во текот на денот врнежите ќе престануваат и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе придонесе дневните температури да опаднат.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски