Фудбалерот на Реал Мадрид Серхио Рамос денеска изјави дека неговиот тим е многу блиску до финалето на Лигата на шампионите и покрај поразот од 2:1 во првиот полуфинален дуел синоќа против Јувентус.
– Немаме сјаен резултат, но го имаме реваншот на домашен терен. Ние мора да ги поправиме некои работи кои не функционираа во Торино. Се наоѓаме на чекор од финалето и ќе дадеме се од себе на „Сантијаго Бернабеу”, рече Рамос.
Искусниот одбранбен играч уште еднаш одигра во нова улога, на средината како замена за повредениот Лука Модриќ.
– Ова беше еден од оние денови кога ништо не функционираше уште од првата минута. Грешките се составен дел од играта, но ние треба да биде самокритични ако сакаме да ја оствариме целта во ревнашот. Не смееме да паничиме, треба да останеме смирени и единствени, апелира Рамос.
Реваншот во Мадрид ќе се одигра на 13 мај.