Фудбалерот на Реал Карим Бензема не закрепна од повредата и нема да игра на првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Јувентус во Торино.
Францускиот напаѓач не отпатува во Торино, а причина за тоа е повреденото колено. Бензема последните денови тренираше самостојно.
Тој повредата jа заработи минатиот месец на дуелот со Малага по што ги пропушти мечевите со Атлетико Мадрид во ЛШ и со Селта, Алмерија и Севиља во Примера.
Оваа сезона Бензема на 44 натпревари постигна 22 гола, во Лигата на шампионите седум пати се запиша во листата на стрелците.
Првиот натпревар од полуфиналето во елитното натпреварување меѓу Јувентус и Реал Мадрид се игра утре од 20 часот и 45 минути.