Државите од делтата на реката Меконг денеска во главниот град на Камбоџа, Куала Лумпур, договараат нова поефикасна стратегија за борба против трговијата со луѓе.
Една од нејнехуманите појави во историјата на цивилизацијата е актуелна и сега, а според податокот што го изнесе камбоџанскиот министер за надворешни работи Сар Кенг, 21 милион луѓе во светот се жртви на трговија со луѓе која завршува со принуда за извршување на работи што се на дното на човечкото достоинство. Во бројките од оваа област посебно е поразителен податокот според кој над 20 посто од жртвите на трговијата со луѓе се малолетници.
Покрај министрите за внатрешни работи на Кина, Лаос, Тајлнд. Мјанмар и Камбоџа на средбата на која ќе се договорат мерки за спречување на трговијата со луѓе учествуваат и високи претставници на Обединетите Нации, АСЕАН и повеќе меѓународни организации за заштита на човековите права.
Регионот на делтата на Меконг, како што се истакнува во најавата за оваа средба, е подрачје во кое трговијата со луѓе има алармантни размери, со многубројни примери за нехумана експлоатација, терање на принудна работа и сексуални насилства над жртвите пд синџирот на оваа појава. Особено е актуелна состојбата на лицата кои без документи барајќи работа емигрираат во други држави, а многу често жртви се лицата кои се измамени со ветувања за склопување на брак.