Барокот нема поддршка, гласот на граѓаните мора да се почитува

Од:

Околу 98,2 отсто од оние што гласале на денешниот референдум за ГТЦ биле за да се зачува автентичниот изглед на Градскиот трговски центар.

Излезноста на околу 40 отсто од гласачите на Центар, пак, говори доволно за фактот дека барокот нема поддршка и дека гласот на овие граѓани мора да се почитува, изјавија активистите на иницијатавата „Го сакам ГТЦ“ по затворањето на избирачките места во Центар.
Никола Наумовски, од „Плоштад Слобода“ рече дека ГТЦ на референдумот собра повеќе гласови од било која политичка партија до сега.

-За прв пат откако започна проектот „Скопје 2014“ докажавме дека барокот нема поддршка. За нас е огромен успех тоа што за прв пат во историјата на општина Центар успеавме да собереме повеќе гласови од било кој канидадат или партија на локалните, парламентарните или претседателски избори. Од оние луѓе кои до сега беа неопределени успеавме да направиме активисти за ова општествено прашање, кое не е само архитектонско или урбанистичко. Успеавме да собереме луѓе да се обединат и да кажат став за ова прашање – рече Наумовски.

Според него нелогично е тоа што е потребен помал цензус за да се избере претседател на државата, а што гласот на 40 отсто од граѓаните не е доволен за локален референдум да биде успешен.

-Ја имавме предвид нелогичноста на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување. Овие бројки ќе беа сосема валидни за цензус за да се избере претседател, но нелогично постои цензус од 50 отсто за да се донесе одлука на локално ниво. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ успеа да го изигра тој законски цензус, кој е нелогично поставен, тоа не значи дека волјата на граѓаните не е јасна. Можам да им порачам на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните дека ние не смееме да застанеме тука, дека волјата на граѓаните е ГТЦ да остане автентичен каков што е и борбата после овој референдум мора да се почитува, нашата борба мора да продолжи – посочи Наумовски.

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, рече дека референдумот беше надпартиски и дека го пренесе јасниот ставот на граѓаните дека барокот во Центар не проаѓа.

Дека ГТЦ победи денеска, и покрај непостигнатиот цензус, се согласува и Даница Павловска од иницијативата „Го сакам ГТЦ“.

-Ние покажавме дека ја цениме културата и традицијата. Добивме импресивна бројка , колку и да не е успешен референдумот во законска смисла. Што и да му се подготвува, ГТЦ ќе остане таков каков што е– рече Павловска.

Следниот чекор кој иницијативата би го презела, рече таа, е ГТЦ да се прогласи за културно наследство и на тој начин да се дефинира нов режим за негова заштита.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов